Connect with us

Скопје

Митески: Како сериозна политичка партија излеговме со сериозна програма, Аеродром за првпат ќе добие нов културен дом

Како сериозна политичка партија излеговме со сериозна програма, Аеродром за првпат ќе добие нов културен дом, најавил вечерва при гостувањето во „Топ тема“ на телевизија „Телма“, кандидатот за градоначалник на оваа општина од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески.

Како што соопштија од Центарот за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ, тој на почетокот истакнал дел од приоритетните проекти на изборната програма и посочил дека за првпат Аеродром ќе добие нов културен дом.

– Ние како сериозна политичка партија излеговме со сериозна програма, што ја презентиравме пред граѓаните, програма што опфаќа многу проекти, од сите населени места, од Долно Лисиче до Мичурин. Она што би сакал да го истакнам како најбитни проекти од програмата, тоа е за првпат Аеродром ќе добие нов културен дом, театар, кино, место кадешто ќе можат да ужваат во културата сите генерации во Аеродром, појаснил Митески.

Тој се осврнал и на другиот дел од програмата.

– Проект за топлификација на Лисиче, нешто што ќе го намали загадувањето и ќе го подобри квалитетот на живот на сите граѓани, тоа е проект што ќе се реализира заедно со поддршката од Владата на Република Македонија. Зелена офанзива, што опфаќа низа на проекти што значат подобрување на парковите и ќе воведеме една обврска што многу ќе помогне за замена на дрвната маса, а тоа е проект за секој инвеститор во иднина што ќе гради, да донира садници на јавна површина, не како досега што било обврска во рамки на сопствената парцела, проект за враќање на парите кон граѓаните го насловивме како „Твој денар – твој проект“, кадешто граѓаните преку директно учество ќе можат да одлучуваат со данокот што го плаќаат, кои проекти ќе можат да ги реализираат, нови детски градинки во Долно Лисиче, Острово и во Мичурин и нова детска градинка во Лисиче, се додава во соопштението.

Како што се истакнува, „во врска со актуелната тема деновиве за зголеменото количество на отпад во Скопје, чија надлежност е на Град Скопје, Митески истакна дека како општина самоиницијативно се работи и дневно се депонира повеќе од 10 тони отпад“.

– Во однос на зајакнување на инспекциските служби и третирање на отпадот, сликата жалосна е во цело Скопје и за жал тоа е нешто што е работа на градот Скопје, како општина постојано работиме, ја работиме и нивната работа, дневно депонираме повеќе од 10 тони отпад во „Дрисла“. Пред да влеземе со инспекции и да ги казнуваме граѓаните, ние мораме да им создадеме услови каде да го одлагаат отпадот. За првпат како општина воведовме редовни акции што траат два месеца напролет и наесен за одлагање на кабаст отпад, понудивме услуга преку нашето јавно претпријатие да може на повик, граѓаните дојдат и го депонираат отпадот за симболичен надоместок, за првпат лиценциравме јавно комунално претпријатие што може да одвезува и да транспортира неопасен отпад, изјавил Митески.