Скопје
Меџити: Секојдневно се работи за Чаир да го добие развојот што го заслужува

Со голем интензитет и целосна посветеност продолжува изградбата на улиците во Стар Чаир. Секојдневно се работи по план и со одговорност, за Чаир да го добие развојот што го заслужува. Уредна и достојна општина за нашите граѓани, се наведува во пишаната изјава на новоизбраниот градоначалник на општина Чаир, од редовите на владината коалиција „ВРЕДИ“, Изет Меџити.
Од неговиот тим вечерва информираат дека Меџити ја продолжува работата на терен, покажувајќи ја својата посветеност за развој на општината.
Меџити во соопштението истакнува дека градежните активности во Стар Чаир се одвиваат со силен интензитет, а „секој сегмент од изградбата на улиците се реализира според највисоките стандарди на квалитет и современа инфраструктура“.
Според Меџити, на овој начин се исполнуваат ветувањата дадени во изборната кампања, поставувајќи го Чаир на патот на урбана трансформација и одржлив развој.
– Граѓаните веќе одблиску ги гледаат првите резултати од едно владеење со визија, посветеност и транспарентност, подвлекуваат од тимот на новоизбраниот градоначалник на општина Чаир.
октомври 22, 2025