Connect with us

Кошарка

Македонските кошаркари поразени од Кипар во евроквалификациите

Македонската машка кошаркарска репрезентација го претрпе првиот пораз во рамки на втората фаза од квалификациите за пласман на Европското првенство, откако загуби вечерва во Скопје од Кипар со 85:75.

Во неизвесен натпревар во салата „Лазар Лечиќ“, двете репрезентации често се менуваа во водство до стартот на последната четвртина, кога при поен предност на Македонија од 55:54, Кипар врза серија од 9:1 и поведе со највисоки +7 поени (63:56).

Македонската репрезентација одговори со две тројки на Ѓуровски и една на Димитријевиќ и дојде до израмнување на резултатот на 65:65 во 34 минута.

Сепак, избраниците на селекторот Берокал продолжија со бледа игра и му дозволија на противникот повторно да дојде до +7 (72:65).

Во завршните минути, Македонија се доближи на четири поени негатива (78:74), но беше немоќна на крајот да го избегне првиот пораз во рамки на второто коло во групата Ф.

Димитријевиќ со 30 поени беше најефикасен во македонските редови, а капитенот Војдан Стојановски додаде девет поени во својот јубилеен 100. натпревар во националниот дрес.

Во следното трето коло избраниците на Берокал ќе ја пречекаат Австрија на 25 февруари идната година, пред реваншот против Кипар три денови подоцна.

Ad
Ad