Свет
ФТ: Трамп сака мировен договор меѓу Украина и Русија до почетокот на јануари
Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп им нагласила на европските и украинските претставници дека сака Киев да постигне мировен договор со Москва до почетокот на јануари, пред демократите да ја преземат контролата врз американскиот Конгрес, изјавија за „Фајненшел тајмс“ извори запознаени со разговорите.
Специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, ги продолжија разговорите со Украина и Русија во Абу Даби претходно овој месец, со што заврши осуммесечната пауза предизвикана од војната со Иран.
„Американците вршат силен притисок и пости загриженост дека секој договор би барал големи украински отстапки“, изјави еден европски претставник по средбата со Кушнер и Виткоф.
Друг претставник изјави за ФТ дека „Американците брзаат“, а „(рускиот претседател Владимир) Путин не“.
Тој временски рок ја зголеми загриженоста во Киев дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да биде принуден да прифати договор според условите на Москва пред демократите да ја преземат контролата врз Конгресот, изјави висок украински функционер.
„Трамп го сака Путин и сака да го заврши сето ова до јануари“, рече функционерот, проценувајќи дека Русија би можела да добие „поповолни услови“ ако договорот се постигне пред јануари.
Иако Вашингтон не побара Украина да направи конкретни отстапки кон Русија, Путин во четвртокот, по состанокот со Трамп и кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Шенџен, рече дека Украина и нејзините европски сојузници мора да прифатат „компромиси“ и „реалност на терен“.
Висок украински функционер оцени дека постапките на администрацијата на Трамп претставуваат „јасен избор“ да ѝ се помогне на Русија да обезбеди поповолни услови во мировните преговори.
ноември 21, 2026

