Connect with us

Свет

Турција планира да бара нафта и гас покрај брегот на Пакистан

Турција идната година планира да започне со дупчење за нафта и гас покрај брегот на Пакистан.

Дупчењето е планирано откако истражувачки брод „Орук Реис“ спроведе „3Д сеизмичко истражување“ на површина од 670 квадратни километри во текот на два месеца, изјави денеска министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар.

Во својот говор на церемонијалниот пречек на бродот „Орук Реис“, во пристаништето Карачи, рече дека Турција и Пакистан влегуваат во нова ера на соработка.

Тој рече дека Турција ќе започне со истражувачко дупчење во 2027 година, на локации избрани со сеизмички истражувања.

Мисијата на бродот „Орук Реис“ е дел од поширокото партнерство меѓу Турција и Пакистан, што беше формализирано со договори потпишани лани во Исламабад.

Ad
Ad