Connect with us

Свет

Поранешниот француски премиер Де Вилпен ја објави својата кандидатура за претседател

Поранешниот француски премиер Доминик де Вилпен (73) денеска ја објави својата кандидатура за претседателските избори во 2027 година. Тој беше премиер за време на претседателствувањето на Жак Ширак во два мандата, од 1995 до 2007 година и негов близок соработник, а се претстави како алтернатива на „макронизмот“, движењето Непокорна Франција и партијата Национален собир.

Според медиумите, кандидатурата била подготвувана повеќе од две години, првенствено со основањето на движењето Хуманистичка Франција во јуни 2025 година.

Претседателските избори во Франција се планирани за април 2027 година.

Ad
Ad