Connect with us

Свет

Стотина уапсени во Турција во операција против група осомничена за изнуда и вооружени напади

Турските власти уапсиле 101 лице во голема полициска операција спроведена истовремено на 135 локации во 13 окрузи во земјата, насочена против вооружената криминална група позната како „Бајгаралар“ (Bayğaralar), соопшти турскиот министер за правда, Акин Ѓурлек.

Во објава на социјалните мрежи, министерот посочи дека акцијата е дел од истрага на обвинителството во округот Адана, во јужна Турција, од каде што била координирана операцијата.

Во рамките на истрагата се идентификувани вкупно 138 осомничени, меѓу кои и 12 малолетници. Полицијата продолжува да трага по уште 37 лица, од кои 23 се наоѓаат во странство.

Според Ѓурлек, собраните докази укажуваат дека членовите на групата изнудувале пари од бизнисмени со вооружени закани, а доколку тие одбивале да ги платат бараните суми, извршувале вооружени напади врз нивните деловни објекти.

Против осомничените се собрани докази и за низа други тешки кривични дела, меѓу кои убиство со умисла, нанесување телесни повреди, разбојништва, закани со оружје и противправно лишување од слобода. 

Ad
Ad