Connect with us

Економија

Почна амандманската расправа по предлог-буџетот за 2027 година во матичната Комисија

Почна амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година на Собраниската комисија за финансирање и буџет. Пратениците разгледаа 15-тина од предложените 400 амандмани. Комисијата ќе продолжи со работа по паузата од 1 час, на барање на пратеничката Јованка Тренчевска.

Ниту еден од разгледаните амандмани не беше прифатен. Опозициската СДСМ преку амандман предложи зголемување на минималната плата кај буџетските корисници во буџетот за 2027 година, со цел, како што појасни Сања Лукаревска, да се обезбедат финансиски услови за зголемување на минималната плата кај околу 22.000 корисници во рамки на буџетските корисници.

– Со овој амандман сакаме да обезбедиме повисок животен стандард онаму каде што е најнеопходно. Основната причина за поднесување на овој амандман е потребата од усогласување на примањата на вработените со реалниот раст на трошоците на живот, постојаното поскапување на храната, енергијата, превозот и другите основни потреби кои што секако ја намалуваат куповната моќ на граѓаните, особено на оние кои што имаат најниски плати – рече Лукаревска.

Со амандманот, истакна, се предлага во категоријата 40 плати и надоместоци во ставката 401 основни плати износот на 37,7 милијарди да се замени со износ од 40,6 милијарди и во ставката 402 придонеси за социјално осигурување износот од околу 15,2 милијарди да се замени со износот околу 16 милијарди. За обезбедување на овие средства до категоријата 46 субвенции трансфери во ставката 464 разни трансфери, додаде Лукаревска, се предлага намалување од 3,6 милијарди денари. 

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски образложувајќи ја одлуката за неприфаќањето на амандманот истакна дека Владата максимално е посветена на зголемувањето на платите, посочувајќи дека е предвиденио зголемување од 3,4 милијарди денари или околу 6,3 отсто во однос на 2026 година.

– По вториот ребаланс во 2026 година вкупната сума за платите беше 53,8 милијарди денари испланирана. За 2027 година планираме 57,2 милијарди денари или имаме зголемување од 3,4 милијарди денари – рече Јанкуловски.

Најголем дел од разгледаните амандмани предвидуваа зголемување на финансиски средства за поддршка на меѓуетничките односи и правична застапеност, како и за унапредување и модернизација на собранискиот канал, за набавка на систем за џи-пи-ес уреди за следење на службени возила…

Ad
Ad