Connect with us

Скопје

Стојкоски најави изградба на нова детска градинка и ново училиште во Хром

Во иднина се планира изградба на нова детска градинка и ново основно училиште за скопската населба Хром, изјави денеска градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Тој одговори на новинарско прашање, прашан околу тоа дека во Хром нема место да се запишат децата во градинка.

– Точно е дека имаме зголемен број дечиња овде во Хром. Листите ни се намалени за половина од тоа што беше во моментот кога дојдов како градоначалник на општината. А зошто не може да се изведе дополнително доградба на постојната градинка е од технички карактер, појасни Стојкоски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска, извршија увид во градежните работи на новата спортска сала што ја добива подрачното основно училиште „Димитар Поп Георгиев – Беровски“.

Стојкоски рече дека има многу дечиња што од околните населби во Ѓорче, ги носат децата како најблиска градинка во таа во Хром.

– Максимално работиме и ова од денеска како проект што сме присутни овде е пример само дека работиме во интерес на граѓаните, подвлече Стојкоски.