Connect with us

Општини

Нацева: Се подготвува Стратегија за локален економски развој на Општина Неготино за периодот 2027–2031 година

Во салата на Општина Неготино, се одржа третата координативна работилница посветена на подготовката на Стратегијата за локален економски развој на Општината за периодот 2027–2031 година, во организација на Ресурсниот центар при Министерството за локална самоуправа, информираше вечерва неготинската градоначалничка Марија Нацева. 

Работилницата била посветена на финализирање на клучните делови од стратешкиот документ, со посебен акцент на комплетирањето на акцискиот план, финансиската рамка, утврдувањето на индикаторите, како и дефинирањето на механизмите за мониторинг и следење на спроведувањето на предвидените активности. Воедно, била направена и првична проверка на целокупниот документ.

Таа соопшти дека оваа работилница претставува продолжение на претходно спроведените активности во рамки на втората координативна работилница и последователниот процес на подготовка на стратешкиот документ.

-Преку размена на информации, мислења и презентација на досега подготвените материјали, учесниците придонесоа кон усогласување и унапредување на документот, што ќе претставува важна основа за планирање и реализација на приоритетите за локален економски развој на Општина Неготино во наредниот петгодишен период – сподели Нацева.

Ad
Ad