Фудбал
Синот на Кристијано Роналдо доби дебитантски повик за Португалија
Прв пат во својата кариера, 16-годишниот Кристијано Роналдо Јуниор, син на легендарниот португалски фудбалер, е повикан во репрезентацијата на Португалија до 17 години.
Синот на Кристијано Роналдо досега настапуваше за селекциите до 15 и до 16 години, постигнувајќи пет голови на 13 натпревари, а сега доби дебитантски повик во квалификациите за Европското првенство до 17 години. Португалија е во група со Србија, Бугарија и Андора.
Како и неговиот татко, Кристијано Роналдо Јуниор игра за Ал Наср, клуб од Саудиска Арабија, каде настапува во младинските категории.
Кристијано Роналдо е рекордер на Португалија според бројот на настапи (234) постигнати голови за репрезентацијата (146)



