Connect with us

Фудбал

Надал во раководството на мадридски Реал

Освојувачот на 22 гренд слем титули, Шпанецот Рафаел Надал ќе стане член на одборот на Реал Мадрид, објави денеска Кралскиот клуб.
Назначувањето на Надал треба да добие формална потврда на Генералното собрание на избрани членови. Надал веќе е почесен член на клубот.
„Реал Мадрид и сите негови навивачи се исклучително горди што личност од неговата спортска и лична големина ќе се придружи на нашиот одбор на директори“, соопшти Реал наведувајќи ги сите достигнувања на Надал вклучувајќи 92 АТП титули, два олимписки медала, пет Дејвис куп титули со Шпанија и број еден на АТП ранг-листата.
Кралскиот клуб додаде дека неговите лични квалитети – скромност, почит кон противниците и посветеност на хуманитарната работа исто така влијаеле врз идентитетот на клубот.
Надал, од своја страна, истакна дека со големо задоволство ја прифатил поканата.
„Би сакал да им се заблагодарам на претседателот Флорентино Перез и на Одборот за поканата да се приклучам на Одборот на директори на Реал Мадрид. Ја прифатив оваа покана со голем ентузијазам и подготвен сум да учам за да придонесам најдобро што можам“, напиша Надал на социјалните мрежи.

Ad
Ad