Свет
Лескјур: Трамп и натаму ја води американската надворешна политика, неговите потези се непредвидливи
Францускиот министер за финансии, Ролан Лескјур, изјави дека и покрај поразот на Републиканската партија на меѓуизборите, претседателот Доналд Трамп е онај што ја води надворешната политика на САД, а неговите постапки остануваат непредвидливи.
„Или ќе одлучи да ги остави настрана политичките несогласувања и ќе признае дека се потребни промени, особено во однос на цените на бензинот кои директно ги засегаат граѓаните, а истовремено ќе го намали ангажманот во надворешнополитичките прашања, или нема да го направи тоа“, изјави Лескјур во интервју за француската телевизија „Бе-Еф-Ем“.
„Искрено, тоа е нешто што ќе треба внимателно да го следиме во наредните денови“, додаде францускиот министер.
ноември 4, 2026


