Свет
Во украински напад погоден руски онлајн трговец на мало
Украина во текот на ноќта повторно нападна објект што му припаѓа на еден од најголемите руски онлајн трговци на мало, пренесе ДПА повикувајќи се на руската државна новинска агенција Тас.
Персоналот во логистичкиот центар на „Озон“ во јужната руска Република Адигеја беше евакуиран поради напад со беспилотни летала, пренесе Тас, повикувајќи се на компанијата.
Во објектот избувнал пожар. Според прелиминарните извештаи, нема повредени.
Во последниве недели, Украина ги интензивираше нападите врз дистрибутивните центри што им припаѓаат на руските гиганти за онлајн трговија „Вајлдберис“ и „Озон“, при што беа уништени или оштетени неколку објекти.
Земјата се брани од руска инвазија со западна поддршка од февруари 2022 година.
ноември 4, 2026


