Скопје
Мицкоски: Народот е обединет и сплотен, не очекува убедлива победа за подобро и поубаво Сопиште

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на својот фејсбук профил порача дека очекува убедлива победа на претстојните локални избори на нивниот кандидат за градоначалник на Општина Сопиште, Јане Мицевски.
-Денеска присуствував на промоцијата на кандидатурата на Јане Мицевски за градоначалник на Општина Сопиште, како и на кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Народот е обединет и сплотен, не очекува убедлива победа за подобро и поубаво Сопиште, напиша Мицкоски.
Ветуваме, додаде, реализација на многу проекти кои ќе ја подобрат инфраструктурата, ќе создадат нови можности за младите и ќе придонесат за економски развој и модернизација на општината.
-Заедно, со посветеност и транспарентност, ќе изградиме Сопиште какво што сите го посакуваме. Јане Мицевски е вистинскиот избор за Сопиште, истакна Мицкоски на својот фејсбук профил.
септември 24, 2025