Connect with us

Култура

„Кумство, вера, традиција“ на авторката Надица Петковиќ ја освои бронзената камера 300 во Битола

Документарниот филм „Кумство, вера, традиција“ на авторката Надица Петковиќ ја освои бронзената камера 300 на Меѓународниот фестивал на документарни филмови што се одржа во Битола. Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам и Општина Куманово, а авторка е советник.

Филмот ги обработува народните обичаи, духовноста и значењето на кумството како еден од симболите на заедништвото во македонската традиција. Преку сведоштва, архивски материјали и визуелна нарација, прикажан е обред кој, според Петковиќ, повторно станува близок и прифатен и кај помладите генерации.

– Филмот „Кумство, вера и духовна визија во срцето на народот“, обработува длабока, автентична и жива тема, народен обред што од година во година станува сè поприфатен и кај помладата популација. Со гордост ја примив наградата, бидејќи меѓу пристигенатите 94 филма од целиот свет, мојот филм беше прогласен за еден од најдобрите- изјави етнологот Надица Петковиќ.

Етнолошките филмови претставуваат мост меѓу минатото, сегашноста и иднината, документирајќи ги традицијата, културниот идентитет и начинот на живот на заедниците. Во услови на брзи општествени промени и глобализација, тие имаат значајна улога во зачувувањето на колективната меморија и во пренесувањето на културното наследство на идните генерации. 

Ad
Ad