Connect with us

Регион

„Вангардија“: Поразот на Вучиќ ја отвора врата за зближување меѓу Србија и ЕУ

Изборниот пораз на Александар Вучиќ ја отвора вратата за пристап на Белград кон Европската Унија (ЕУ) по неколку години заладени односи, наведува денеска шпанскиот весник „Вангардија“.

Во денешниот главен надворешно-политички извештај весникот пишува за „Олеснување во врвот на ЕУ по победата на „Студентска листа“ во Србија и на Лула во Бразил“.

Весникот, во статија од Брисел, пишува дека „ЕУ ја поздрави победата на Инасио Лула да Силва во Бразил над крајнодесничарот Флавио Болсонаро, но особено победата на „Студентската листа“ во Србија над Александар Вучиќ и неговото владеење повеќе од една деценија“.

Весникот оценува дека ова „отвора врата“ за приближување меѓу Србија и ЕУ.

Тој подвлекува дека „централата на Унијата со загриженост ја следеше блискоста на поранешниот српски претседател со Москва, како и извештаите за корупција, контролата на Вучиќ врз медиумите и недостатокот на увид во тоа што прави неговата влада во земја која е кандидат за членство во ЕУ од 2012 година “.

Во извештајот, весникот „Вангардија“ конкретно посочува на пораката на унгарскиот премиер Петер Маѓар до победничката „Студентска листа“ и заклучува дека „запирањето на зајакнувањето на интересите на Русија и Кина во Западен Балкан стана стратешки приоритет на ЕУ… и тука Србија, најголемата земја во регионот, прави важен пресврт“.

Ad
Ad