Политика
Манасиевски: Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанија
Патолошкиот лажго Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанија. Филипче излажа дека поседува автомобил од 6.000 евра, или директно призна дека поседува уште едно моторно возило, но не му е пријавено во анкетниот лист, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција
За овој потег, очекуваме истрага на надлежните институции.
Почитувани граѓани,
Венко Филипче е патолошки лажго и лаже дури и за најмали ситници. Ги лаже граѓаните денес во опозиција, исто како што ги лажеше додека беше на власт.
Филипче е човек на кој не може да му се верува. Тој е истиот оној кој свесно создаваше хистерија и паника за водата во Гостивар и во Скопје, лажеше дека секој момент ќе банкротираме, лажеше дека тој ќе изгради Клинички центар, лажеше дека ќе го добиеме датумот за ЕУ и се сликаше со него, и што ли уште не излажа.
Филипче работи врз база на тоа дека ако повтори една лага сто пати, таа магично ќе стане вистина.
Затоа и дури и во своите редови не му веруваат. Но не му веруваат ниту граѓаните.
октомври 26, 2026

