Филм
Објавен трејлер за третата сезона на „Господарот на прстените“
Стрим-услугата „Прајм видео (Prime Video)“ објави трејлер за третата сезона на серијата „Господарот на прстените: Прстените на моќта (The Lord of the Rings: The Rings of Power)“, чијашто премиера е закажана за 11 ноември.
Извршни продуценти се Линдзи Вебер, Џастин Добл и Кејт Хејзел, заедно со извршната продуцентка и режисерка Шарлот Брандстром. Серијата е продуцирана во куќата „Амазон МГМ студиос (Amazon MGM Studios)“. Продуценти на серијата се и Џ.Д. Пејн и Патрик Меккеј. Пејн претходно за списанието „Емпајер (Empire)“ изјави:
– Во оваа сезона имаме вистински, целосно оформен негативец – на начин сосем поинаков од претходно.
– Оваа трета сезона е помрачна, поопасна… Никој не е безбеден!, додаде Меккеј.
Новата најава ги прикажува Галадриел (ја толкува Морфид Кларк), Елронд (Роберт Арамејо) и Гандалф (Даниел Вејман) како ги обединуваат силите на Средната Земја. Снимките вклучуваат битки и љубовни приказни, додека Саурон (Чарли Викерс) ги мобилизира своите сили. Според описот, дејствието во третата сезона се одвива неколку години по настаните од втората сезона, во екот на војната меѓу вилениците и Саурон. Мрачниот господар се обидува да го искова „Единствениот прстен“ – орудие што му е потребно за да стекне предност во војната, да ги потчини сите народи на својата волја и, на крајот, да завладее со целата Средна Земја.
октомври 22, 2026


