Кошарка
Прва тренерска смена во Евролигата, Басконија го отпушти Галбијати
Шпанскиот кошаркарски клуб Басконија објави денеска дека ја прекина соработката со својот тренер Паоло Галбијати, кој седеше на клупата нешто повеќе од 12 месеци.
По успешниот период во редовите на италијански Тренто, Галбијати му се приклучи на Басконија, со која минатата сезона го освои Кралскиот куп во Шпанија.
Сепак, шпанскиот клуб не е во посакуваната форма оваа сезона, а по пет натпревари во Евролигата претрпе четири порази.
На местото на Галбијати седнува Велимир Перасовиќ, кој се враќа во Басконија која претходно ја предводеше во три мандати, од 2005 – 2007, од 2015 до 2016, како и во сезоната 2018/2019 Хрватскиот стратег со Басконија ги освои Кралскиот куп и Суперкупот во 2006 година.


