Скопје
Нов спортски комплекс на „Пољана“ во Хром

Општина Ѓорче Петров започна со реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за спорт и рекреација – изградбата на современиот спортски комплекс „Пољана“ во населбата Хром, кој се простира на површина од 1.450 м², се наведува во соопштението од општината, што МИА го пренесува интегрално.
Она што долги години беше само потреба и желба на жителите, денес прераснува во реалност. „Пољана“ ќе добие целосно нов лик и повторно ќе биде симбол на младоста и енергијата на заедницата.
Комплексот ќе содржи:
· фудбалско игралиште со вештачка трева, со модерна подлога и целосно нов изглед,
· две кошаркарски игралишта, опремени за тренинг и натпревари,
· фитнес зона на отворено, со справи за активен и здрав живот,
· детско игралиште, замислено како безбеден и весел агол за најмладите.
Со овој проект се создава простор што ќе ги обедини сите генерации – од децата и младите кои ќе спортуваат, до возрасните кои ќе се рекреираат и семејствата што ќе поминуваат време на отворено.
Градоначалникот Александар Стојкоски изјави: „Хром заслужува современ спортски простор, а токму ‘Пољана’ ќе биде местото кое ќе ја оживее спортската и општествената енергија на оваа населба. Чекор по чекор, со многу работа и љубов, ја градиме иднината на Ѓорче Петров – заедно со сите вас.“
Со изградбата на комплексот „Пољана“, Општина Ѓорче Петров уште еднаш ја потврдува својата посветеност за подобрување на животниот стандард и создавање квалитетни услови за спорт, дружење и здрав живот
септември 23, 2025