Connect with us

Свет

Зеленски: Украинскиот преговарачки тим во посета на САД

Украинските преговарачи ќе утре и в сабота ќе престојуваат во САД, најави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, при тоа повикувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп да го засили притисокот врз Русија.

– Не можете, од една страна, да преговарате со Русите за идните економски проекти, а од друга страна, да кажете дека сме во некаков дипломатски ќорсокак, наведе Зеленски.

Тој, исто така, предупреди дека Кина во моментов развива сличен сателитски систем на Старлинк и соработува со Русија по ова прашање.

Зеленски се осврна и на одлуката на Европската Унија за укинување на санкциите кон двајца влијателни руски милијардери, Алишер Усманов и Михаил Фридман, оценувајќи ја како „ужасна грешка“. 

Ad
Ad