Connect with us

Свет

По седуммесечна пауза поради војната, „Ирачки ерлајнс“ повторно лета за Иран

Ирачката национална авиокомпанија „Ирачки ерлајнс“ денеска повторно воспостави директни летови кон Иран, по седуммесечна суспензија предизвикана од воените дејствија во регионот на почетокот на март.

Националниот авиопревозник соопшти дека редовните секојдневни летови ќе се одвиваат од меѓународниот аеродром во Наџаф до Техеран, Машхад и Исфахан.

Повторното воспоставување на летовите следува по напорите на ирачкиот премиер Али ал-Заиди и министерот за транспорт Вахаб ал-Хасани, откако беа исполнети сите потребни регулаторни и технички услови, соопшти авиокомпанијата.

Од „Ирачки ерлајнс“ (Iraqi Airways) додадоа дека обновувањето на линиите има цел да го олесни патувањето на патниците и да ги прошири регионалните воздушни врски на Ирак, особено за верски, медицински и образовни цели.

„Ирачки ерлајнс“ ги суспендираше летовите кон Иран на почетокот на март како превентивна мерка по избувнувањето на војната на 28 февруари, кога Ирак привремено го затвори и својот воздушен простор поради ескалацијата на воените тензии во регионот.

Ad
Ad