Connect with us

Скопје

Вечерна богослужба и литија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје

Во пресрет на утрешниот празник Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица), вечерва беше отслужена вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје.

На богослужбата, беседа за Богородица пред верниците имаше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г. г. Стефан.  

По завршувањето на празнична вечерна богослужба, беше одржана лидитија околу централното градско подрачје со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица, која минатата година беше донесена од светогоорскиот манастир Хиландар.

Православните христијани во земјава утре го слават Рождество на Пресвета Богородица, празник познат како Мала Богородица, што е првиот голем празник во новата литургиска година на Црквата.

Во сите храмови на Македонската православна црква утре изутринава ќе бидат отсужени свети божествени литургии.

Македонскиот народ со многу внимание ја празнува и слави Пресвета Богородица, мајката на Исус Христос. Многу цркви го носат нејзиното име, а има и голем број преданија за чудотворни икони со ликот на мајката божја. 

Рожедество на Пресвета Богородица е еден од дванаесетте големи празници во Православната црква, како и еден од четирите големи празници во чест на Дева Марија – Воведение (21 ноември/4 декември), Благовештение (25 март/7 април) и Успение (15/28 август).