Connect with us

Свет

Уапсен 19-годишник по напад со нож во полско училиште, најмалку седуммина се повредени

Полската полиција уапси 19-годишен маж по напад со нож во Комплексот на стручно училиште бр. 4 во градот Остроленка, северно од Варшава, при што се повредени најмалку седум лица.

Осомничениот бил приведен непосредно по пристигнувањето на итните служби на местото на настанот, соопшти Покраинската полициска управа на платформата „Икс“.

„Полициските службеници од Остролека приведоа 19-годишен маж во близина на градската плажа под сомнение дека нападнал луѓе со остар предмет во близина на училиште во Остролека. Првичните информации укажуваат дека седум лица веројатно се повредени. Полициските службеници се на местото на настанот и го истражуваат текот на настаните“, посочи полицијата.

Засега други детали не се познати.