Connect with us

Општини

Пробиштип ги награди најдобрите наставници и воспитувачи

Пробиштип им одаде признание на наставниците и воспитувачите. Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски денеска додели четири признанија на наставници и воспитувачи. Тој истакна денеска на Денот на учителот, има посебна можност да им оддаде признание и благодарност на сите кои секојдневно ја имаат една од најважните и најодговорните улоги во нашето општество – да го образуваат и воспитуваат нашето најголемо богатство, нашите деца. 

-Наставничката професија не е секогаш лесна. Таа бара трпение, посветеност, флексибилност и многу љубов кон децата. Затоа денес сакам да упатам една искрена благодарност за секој час, за секој совет, за секое охрабрување и за секој момент во кој сте му помогнале на едно дете да верува во себе. По повод Меѓународниот ден на учителот, доделивме и признанија на учителите кои во изминатата учебна година со својата работа и резултати се издвоиле и дале значаен придонес во образованието и воспитувањето на нашите деца- вели Тоневски. 

Инаку во Пробиштип континуирано се инвестира во подобри услови за едукација и на учениците и на наставниците, а Општината доделува и  награди за најдобрите ученици.