Скопје
Димитриевски: Неопходно е да поставиме основи за добро управување со отпадот, со цел да станеме вистинска европска земја

Во поткастот „Радар“ гостуваше Даме Димитриевски, носител на советничка листа на град Скопје, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Димитриевски дискутираше за решавањето на проблемите со депониите, и истакна дека како држава треба да поставиме основи за добро управување со отпадот, и тоа со создавањето на соодветни центри за управување, постапката за управување со отпадот почнува во дизајнот на отпадот и тоа дали производот ќе создава помалку или повеќе количество отпад.
„Ние мораме да поставиме основи за добро управување со отпадот, ако сакаме да стигнеме за одредено време да сме вистинска европска земја, тоа значи да имаме центри во коишто ќе управуваме со отпадот, не да бидат тоа центри во коишто фрламе ѓубре, постапката за управување со отпадот почнува во дизајнот на отпадот, дали овој производ ќе создаде помалку или повеќе количество отпад, во овој момент не ги фаворизираме процесите коишто создаваат помалку отпад туку фаворизираме повеќе производи, не се грижиме толку дали има во ова шишенце поголемо, помало капаче, тоа се механизми со кои државата ќе притисне за да почнеме да создаваме помалку отпад уште во дизајнот на производот“, истакна Димитриевски.
Димитриевски исто така истакна дека треба да се постави систем во којшто ќе се рециклира и реупотребува, бидејќи материјалот е добар за рециклирање само доколку е издвоен од граѓанинот на самиот почеток.
„Треба да поставиме систем во којшто ќе биде можна рециклажа, реупотреба во која што ќе биде можна примарно селектирање на производите на лице место, затоа што ова секундарно селектирање за коешто сега се зборува тоа не носи цена на материјалот, материјалот е добар за рециклирање само ако е издвоен од граѓанинот на почетокот на постапката, на фрлање на отпад“, рече Димитриевски и додаде:
„Мора да овозможиме од она што ќе остане од отпадот да се извадат материјали за секундарни суровини за индустријата, за енергија и она микро парче што ќе остане на крајот како неможност од него да се добие додадена вредност, да биде нешто што се депонира, вистински да се депонира во санитарна депонија, којашто е од доле заградена со геотекстил, под неа со глина, нема никакво влијание ни кон локалните почви, ни кон подземните води, има пречистителна станица во случај ако дожд навлезе во неа, да се пречисти водата и почиста од што е реката да влезе во неа, да има систем за вадење на биогас од таа депонија, од биогас да се добива енергија за греење, и за струја за околните места“.
Димитриевски објасни дека е формирана работна група за намалување на ризиците за палење на шумите, со цел раната детекција и соодветна реакција.
„Се формираше голема работна група поврзана со намалување на ризиците за палање на шумите, и утврдија во таа група, дека има можност да се унапреди овој систем, прво во раната детекција и се поставија неколку такви системи за рана детекција, се ангажираа луѓето коишто се задолжени да носат средства или да побаруваат средства од странски фондации за да се подобри овој систем, се работи интензивно на подобрување на системот на реакција на пожарите, се направија триесеттина нови шумски возила, претходно имавме едно со тој капацитет, сега имаме 31, нешто се подобрува во системот“, рече Димитриевски.
Димитриевски потенцираше дека од самиот почетокот на пожарите во Април месец, повеќе од 200 се подметнати од човек, и дека повеќе од 50% од пожарите во Македонија се последица од немарното однесување на поединци.
„Во Април годинава почнаа пожарите и на примерок од 400 започнати шумски пожари, повеќе од 200 беа започнати од човек, повеќе од 50% од шумските пожари во Македонија се директно како последица на немарно или лошо однесување на поединците“, рече Димитриевски.
септември 21, 2025