Connect with us

Свет

Иран се заканува со „болни“ напади низ Блискиот Исток доколку САД извршат напад

Иранската војска денеска ги предупреди САД да не започнуваат нови напади врз земјата, заканувајќи се со континуирани напади врз американските бази и интереси низ Блискиот Исток како одговор, јави ДПА.

„Ако направите грешка, ќе бидете цел на болни напади“, соопшти воениот штаб „Хатам ал-Анбија“, пренесе новинската агенција „Фарс“.

„Сите центри за распоредување и интереси на таа земја во регионот ќе бидат цел на континуирани, ефективни и болни напади, без какви било ограничувања или воздржувања.“

Штабот, што ја претставува оперативната воена команда на сите ирански вооружени сили во време на војна, исто така ги предупреди земјите во регионот да не поддржуваат каков било американски напад.

Секоја земја што би го сторила тоа би се сметала за „соучесник“ и не би можела да очекува никаква милост, се наведува во соопштението.

Во предупредувањето се цитираат и непотврдени извештаи за средба на американски претставници во една европска земја, на која наводно биле постигнати договори за нови напади врз Иран. Наводно, некои арапски земји во регионот дале одобрение за такви напади, пренесува ДПА.