Connect with us

Свет

Зеленски тврди дека украински дронови погодиле рафинерија во Москва

Претседателот на Украина Володимир Зеленски потврди дека украинските сили извршиле голем напад во текот на ноќта врз Москва и нејзината околина, при што биле погодени рафинерија за нафта и логистички објект.

– Нашите напади со оружје со долг дострел силно одекнаа во московскиот регион синоќа. Погодени беа клучен објект на руската нафтена индустрија и логистичка локација на агресорот. Станува збор за милијарди долари што ја одржуваат воената машина, објави Зеленски на социјалната мрежа Х.

Тој додава дека бил погоден и индустриски објект во рускиот регион Воронеж.

– Москва не треба да гради повеќеслојни системи за противвоздушна одбрана на сметка на другите региони, туку треба да ја прекине својата сурова војна и да избере мир, вели Зеленски.

Според руските власти, две лица загинале, а 20 побарале медицинска помош – меѓу кои и три деца – по нападот врз поширокиот регион на Москва. Петнаесет лица биле хоспитализирани.

Руските власти претходно потврдија дека беспилотни летала стигнале до Московската рафинерија за нафта во областа Капотња, лоцирана во југоисточниот дел на главниот град. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, потврди дека постројката била погодена, но не прецизираше колкава е штетата.

Во 2024 година, рафинеријата преработила 11,6 милиони тони нафта и произвела околу 2,9 милиони тони бензин и 3,2 милиони тони дизел.

Украинските напади во последните месеци веќе онеспособија дел од руските капацитети за преработка и придонесоа за недостиг на гориво во некои делови од земјата