Connect with us

Свет

Иран ги изнесе условите за продолжување на мировните преговори со САД

Иран им ги претставил на посредниците своите услови за продолжување на преговорите за ставање крај на војната со САД, изјави секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност Мохсен Резаеи во интервју за Ал Џезира.

Условите вклучуваат прекин на непријателствата на сите фронтови, одмрзнување на иранските средства и укинување на поморската блокада, изјави Резаеи.

Тој додаде дека се во тек консултации со катарски и пакистански пратеници, а Техеран очекува одговор од американскиот претседател Доналд Трамп.