Свет
Трамп на три медиуми, меѓу кои и Си-ен-ен им забрани пристап до Белата куќа поради „континуирано ширење лажни вести“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска соопшти дека им забранил пристап до Белата куќа на телевизиските мрежи Си-ен-ен (CNN) и Ем-Ес Нау (MSNOW) и на порталот Политико.
Трамп на „Трут соушл“ објави дека веднаш им забранува на Си-ен-ен и Ем-Ес Нау и Политико пристап до Белата куќа поради нивното континуирано ширење лажни вести.
На медиумите не треба да им се дозволи постојано да објавуваат или известуваат ИЗМИСЛИЦИ и ЛАГИ кога известуваат за претседателот на САД, администрацијата на Трамп или САД, наведе Трамп.
„Со гордост објавувам дека, со моментален ефект, им забранувам пристап во Белата куќа на „Fake News CNN“, „MSNOW“ (кои неодамна го сменија името од MSNBC поради слаба гледаност и недостаток на кредибилитет!) и „Politico“ (кои добија незаконски и апсурдни 8 милиони долари за претплата – апсолутен рекорд – директно од Владата на САД под водство на „нечесниот“ Џо Бајден, само за да ги одржат „во живот“; за мене ова изгледа како корупција!), а причината е нивното постојано „известување“ со ЛАЖНИ ВЕСТИ! Медиумите не смеат постојано да пишуваат ЛАГИ кога известуваат за претседателот на САД, за администрацијата на Трамп или за Соединетите Американски Држави. Ова ќе следи и за други медиуми што шират лажни вести. Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање! Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, напиша на социјалната мрежа претседателот на САД.
Тој посочи и дека ќе бидат забранети и други медиуми „кои шират лажни информации“.
септември 19, 2026
