Connect with us

Свет

Њујорк тајмс: Трамп разгледува трговски договори со Русија за ставање крај на војната

Белата куќа ја разгледува можноста за склучување деловни договори со Русија пред крајот на војната во Украина, како дел од напорите на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп да го охрабри рускиот претседател Владимир Путин да ги запре борбите, изјавија две лица запознати со преговорите, објави „Њујорк тајмс“.

Американски функционер, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека деловните договори пред крајот на војната би можеле да покажат дека САД се сериозни во врска со „ресетирањето“ на односите со Русија.

Таквиот пристап претставува пресврт од претходната порака на Трамп дека нема да има деловни договори со Москва „се додека не се реши прашањето за војната“, објави весникот.

Во исто време, Конгресот усвои нов закон за санкции насочен кон енергетскиот сектор на Русија, што ќе му овозможи на претседателот да воведе тарифи до 100 проценти за земјите што купуваат големи количини руска нафта или гас, како и санкции за руски функционери, бизнисмени и финансиски институции.

Законот беше усвоен во Претставничкиот дом со 262 гласа „за“ и 159 „против“, а Трамп навести дека ќе го потпише. Еден американски функционер, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека администрацијата разгледува и притисок и стимулации, при што моменталниот фокус е повеќе на економските погодности за Русија. Целта, рече тој, е да се создадат стимулации за руската елита да го поддржи мирот и да се убедат влијателните руски функционери дека Трамп сака да изгради нови односи со Москва