Connect with us

Свет

„Киев индепендент“: Трамп набрзо ќе го потпише „Законот на Линдзи Греам за санкции против Русија и Иран од 2026 година“

Претседателот на САД, Доналд Трамп планира наскоро да го потпише „Закон на Линдзи Греам“, со кој ќе се овозможи воведување на царини до 100 отсто за големите купувачи на руска нафта и гас, изјави денеска неименуван претставник на Белата куќа за украинскиот весник „Киев индепендент“.

Законот минатиот месец беше усвоен во Сенатот, а вчера беше одобрен и од Конгресот, со цел да се засили економскиот притисок врз Русија поради нејзината инвазија врз Украина.

„Законот на Линдзи Греам за санкции против Русија и Иран од 2026 година“ именуван во чест на републиканецот од Јужна Каролина, е испратен до Трамп на потпис, речиси година и половина откако покојниот сенатор го поднесе на разгледување.

Законот е насочено против рускиот енергетски и одбранбен сектор, како и против „флотата во сенка“ односно танкерите што ги заобиколуваат важечките санкции.

Законот првично наиде на отпор бидејќи истовремено му дава овластување на Трамп да воведува високи царини за Кина, Индија и други држави со цел да се намалат нивните набавки на руска нафта и гас, како и да ги прошири санкциите против Иран.

Дури во јули оваа година, само неколку дена пред ненадејната смрт на Греам на 11 јули, Трамп им дозволи на лидерите на републиканците во Конгресот да закажат гласање за законот.

Кремљ, изгласувањето на законот во Конгресот, го осуди како „непријателски потег“.