Connect with us

Општини

Општина Штип обезбеди околу 2.150 бесплатни училишни униформи за учениците од одделенска настава

Општина Штип и оваа година обезбеди бесплатни училишни униформи за учениците од прво до петто одделение во основните училишта. Низ штипските основни училишта деновиве се поделени училишни униформи на околу 2.150 ученици.

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска истакна дека Општината е единствена во државата која овозможи училишни униформи изработени од 100% памук, со како што вели „посветуваме особено внимание на квалитетот, удобноста и потребите на најмладите“.

-Со оваа мерка продолжуваме да создаваме еднакви услови за сите ученици и да придонесуваме кон унапредување на ученичкиот стандард-вели Јорданов. 

Инаку, општина Штип веќе трета година обезбедува бесплатни училишни униформи за учениците во одделенска настава