Свет
Седум конгресмени на Републиканската партија ја поддржаа резолуцијата за прекин на војната против Иран
Седум републиканци во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес им се приклучија на демократите при гласањето за резолуција со која од американскиот претседател Доналд Трамп се бара да ја прекине војната со Иран.
Ова е третпат Долниот дом на Конгресот да усвои таква мерка, овојпат со поголем број републиканци кои ја поддржаа, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Последните две вакви резолуции беа поддржани од по четворица републикански конгресмени.
Зголемувањето на бројот на републиканците кои во последното гласање им се приклучија на демократите претставува политичка критика на начинот на кој администрацијата на Трамп постапува во војната со Иран, оценува „Си-Ен-Ен“.
На последното гласање резолуцијата ја поддржаа републиканските конгресмени Марианет Милер-Микс и Зак Нан од Ајова, како и Ненси Мејс од Јужна Каролина.
За претходните резолуции како и за последната, гласаа и републиканските конгресмени Томас Маси од Кентаки, Том Барет од Мичиген, Ворен Дејвидсон од Охајо и Брајан Фицпатрик од Пенсилванија.
„Нема да поддржам уште една бескрајна војна. Можеме да ги браниме Американците, да вршиме притисок врз Иран и да тежнееме кон мир, истовремено обезбедувајќи Конгресот да ја исполни својата уставна одговорност“, напиша конгресменот Зак Нан на платформата „Икс“ по гласањето.
септември 16, 2026
