Connect with us

Свет

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат патувања во Саудиска Арабија

Амбасадата на САД во Саудиска Арабија денеска ги предупреди американските граѓани да избегнуваат патувања во земјата поради ризиците што доаѓаат од Иран и јеменските бунтовници Хути.

Во соопштението на Амбасадата се наведува дека постои ризик од „ирански беспилотни летала и ракети кои ги загрозуваат американските интереси“.

Американското дипломатско претставништво истовремено ги повика граѓаните да не патуваат кон границата со Јемен поради „терористичка опасност“.