Connect with us

Општини

Полицијата утре ќе спроведува вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид

Полицајци од редовниот состав на СВР – Охрид утре од 8 часот на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција.

Од СВР – Охрид информираат дека пред почетокот на вежбовните активности ќе бидат преземени соодветни безбедносни мерки, со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел да се оневозможи влез на граѓани во безбедносните зони.

Медицинското обезбедување на гаѓањето ќе го вршат екипи на ЈЗУ „Здравствен дом“ од Охрид.

Од СВР Охрид апелираат до граѓаните кои се движат во подрачјето на стрелиштето да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат до останатите насоки на полициските службеници.