Култура
Во Театарот во Велес почнува 23 Фестивал на античка драма „Стоби 2026“
Во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес увечер започнува 23.Меѓународен фестивал на античка драма „Стоби 2026“ на кој во конкуренција за награди ќе настапат пет претстави од кои три се од македонски театари и копродукции меѓу театари од земјава, како и гости од странство: Театарот С’Азра од Сицилија Италија со претставата „Претходно“ и Народно позориште „Тоша Јовановиќ“ од Зрењанин, Србија, со претставата „Лисистрата“.
Шестата престава која е вон конкуренција „Сите прекрасни нешта“ на Народниот театар од Штип е за затворање на фестивалот на 24 септември и е во чест на добитниците на наградите
За наградите за главна женска и машка улога за најдобра режија и најдобра престава ќе одлучува жирито на фестивалот во состав: Весна Димитрова Бобевски и Кети Борисова двете актерки од велешкиот театар и Пеце Ристовски актер од штипскиот театар.
Вечер на свеченото отворањето на фестивалот од 20 часот на големата сцена на велешкиот театар ќе биде изведена претставата „Бегалка“ на Народниот театар од Струмица. Италијанската претстава „Претходно“ е закажана на 16 септември.
На 21 септември во понеделник е копродукцијата на велешкиот, штипскиот и кумановскиот театар со претствата „Годо“, на 22 септември во вторник е претставата „Падот на Масада“ и на 23 септември гостувањето на Народно позориште од Зрењанин Србија со претставата „Лисистрата“.
Жарко Спасовски директор на велешкиот театар најави дека, имајѓи предвид оти во Македонија има се’ помалку театарски претстави на антички текстови, ќе предложи промена на статутот на фестивалот. Односно да се додаде член да се прошири фестивалот и со други претстави од други театарски жанрови.
Фестивалот го организира велешкиот театар со поддршка од Општина Велес со 500 илјади денари и Министерството за култура и туризам со 800 илјади денари,или вкупно 1,3 милиони денари
септември 16, 2026
