Општини
МОН: Се поставуваат фотоволтаици и се подобруваат условите во повеќе образовни установи во Свети Николе
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денес беше во посета на општина Свети Николе, каде заедно со градоначалникот Дејан Владев извршија увид во активностите за подобрување на условите и за поставување на фотоволтаици во повеќе образовни установи.
„Драго ми е што локалната самоуправа во континуитет се труди да гради поквалитетно образование на локално ниво, а тоа е идентична цел и на Владата и Министерството за образование и наука на национално ниво. Секако, кога целите се идентични, заложбите се многу поефективни. Инфраструктурата е еден од основните предуслови за да имаме добар воспитно – образовен процес и во оваа прилика ќе се заблагодарам на градоначалникот што покажува голема грижа за најмладите и порачувам така да продолжи и во иднина да работи“, рече Јаневска.
Градоначалникот Владев информираше дека се работи за инвестициски циклус од околу 13 милиони денари, средства со кои се поставуваат фотоволтаици во три основни училишта и две градинки, се уредува дворот во дел од нив, а во средното општинско училиште „Кочо Рацин“ се поставува фасада и кров со средства од Владата обезбедени преку повикот за финансирање на капитални проекти на општините.
септември 14, 2026
