Connect with us

Вести

Мицкоски: Оваа Влада просечната старосна пензија ја зголеми за над 6.800 денари или тоа е 12,6 пати разлика во споредба со владата на СДСМ и ДУИ

Во првите две години владата на СДСМ и ДУИ пензиите ги зголеми за приближно 540 денари, а оваа Влада просечната старосна пензија ја зголеми за над 6.800 денари или тоа е 12,6 пати разлика – истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање во врска со одлуката со која пресметките на пензиите ќе се прават во согласност со  законот, а се повлекува линеарното зголемување на пензиите.

– Тоа што го направивме ние за овие 25-26 месеци е повеќе отколку што тие го направија за седум години додека беа влада, а да не зборувам за тоа што им го укинуваа законот, па потоа измислуваа некој швајцарски модел. И да не се враќаме во минатото кога на пензионерите им беше скратен оној процент од нивната пензија во времето на претходните влади на СДСМ – рече Мицкоски. 

Посочи дека денешната опозиција е лицемерна бидејќи, како што рече, „од една страна, испраќаат свои експерти, кои ги фалат на социјалните медиуми, и пред Уставниот суд ги предизвикуваат одлуките на оваа Влада за линеарното зголемување на пензиите, а од друга, лицемерно излегуваат без никаков аргумент, се обидуваат да испратат критика“.

Премиерот Мицкоски истакна дека македонските граѓани се свесни за тоа што го направи оваа Влада и претходната и може да направат јасна разлика. 

– Јас не велам дека тоа е доволно, не велам дека тоа ќе ги реши сите проблеми, но е многу подобро од она што беше во времето на СДСМ и ДУИ – изјави Мицкоски.