Connect with us

Свет

Телеграф: Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска ќе потпишат декларација која може да доведе до распад на Обединетото Кралство

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска ќе се состанат денеска за да потпишат заедничка декларација што би можела да доведе до распад на Обединетото Кралство, наведува весникот „Телеграф“.

Самитот ќе се одржи во главниот град на Велс, Кардиф, каде што се очекува тројцата шефови на влади да потпишат заедничка декларација со која ќе бараат право на самоопределување и ќе одржат референдум за независност.

Според „Телеграф“, декларацијата ќе опфати неколку области, вклучувајќи ја економијата, енергетиката, односите со Европа, меѓусебната соработка и самоопределувањето.

Трите страни ќе се залагаат да им се овозможи приклучување кон Европската Унија. Шкотска и Велс би се приклучиле како нови членки, додека Северна Ирска би се приклучила како дел од Република Ирска.

Меморандумот треба да содржи и обврски за зајакнување на врските со европските земји како дел од движењето кон независност.

Извори за „Телеграф“ изјавија дека декларацијата имала за цел да го зголеми притисокот врз британскиот премиер Енди Барнам откако тој изјави дека референдум за независноста на Шкотска би можел да се одржи доколку има јавна поддршка.

Но, Барнам тврди дека нема консензус за референдум за независноста на Шкотска. Сепак, премиерот наводно во четвртокот испратил писмо до лидерот на Шкотската национална партија и прв министер на Шкотска, Џон Свини, инсистирајќи дека референдум за независност на Шкотска „засега не доаѓа предвид“.