Connect with us

Општини

Мицкоски: Започна изградбата на подземната катна гаража и плоштад во Велес

„Добар ден и од мене, би сакал исто така да се придружам на ова што го кажа градоначалникот.

Со Марко за овој проект разговаравме се сеќавам уште кога беше во првиот мандат кандидат за градоначалник на општина Велес. 

Еве денеска можеме и двајцата заедно со велешани да посведочиме дека голема работа е завршена, од ова што можеме да го видиме подготовката е направена. Моето искуство вели кога подготовката е добро направена, тоа значи 90% завршена работа.

Јас сум сигурен дека ако се оди според планот, а не гледам причина зашто така да не биде, дека таму некаде во првата половина на следната година, при крајот на првата половина ќе можеме да го пуштиме овој прекрасен објект во употреба, во функција да може да го користат велешани се разбира и да уживаат во новиот плоштад.

Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме проекти низ општините се разбира, очекуваме првиот и вториот повик конечно оваа година еве да речеме делумно и почетокот на следната година да биде завршен.

Преку ЗЕЛС општините имаат инструкција да подготвуваат проекти за следната година.

Цениме дека овие проекти донесат резултат, тоа впрочем се гледа и во економската активност на македонските компании.

И цениме дека тоа беше правилна одлука кога бевме избрани како Влада и веднаш започнавме со реализација на овој проект.

На крај да му честитам на градоначалникот за посветената, инспиративна работа којашто ја прави во општина Велес, да се заблагодарам на советниците во општина Велес коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата се разбира без кои ова ништо не може да се случи, тие се најважниот дел во подготовката на документацијата за ваков тип на проекти, на колегите во Владата, се разбира, на пратениците во парламентот од Велес коишто се борат за проект повеќе да добие Велес и се разбира да се заблагодарам на велешани за трпението и се надевам дека многу наскоро ќе уживаме сите заедно во овој проект.“