Connect with us

Општини

Михаилов: Досега регистрирани 138 шумски пожари, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра

Јавното претпријатие „Национални шуми“ досега има регистрирано 138 шумски пожари. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека огнените јазици и оваа летна сезона опустошија стотици хектари низ македонски шуми. Според Михаилов штетите доправа ќе се утврдуваат. Посочува дека бројката на пожари низ македонските шуми не отстапува од просекот во изминатите години. Вработените во Македонски шуми најголемиот рекорд на шумски пожари го бележат во 2007 година, кога имало 652.

-Заклучно со месец јули, штетите се движат некаде околу над 4 милиони евра. Значи тоа е голема штета, меѓутоа во однос на она коешто го имаме во текот на изминатите години, сметам дека е релативно мала. Затоа што ако јавноста еве ја запознвеме дека 2024 година имавме фрапантна бројка од преку 83 милиони евра штеата, а минатата 2025 ја завршивме со некаде над 50милиони евра штета-рече Михаилов.

Михаилов посочува дека по завршувањето на летната сезона, вработените во Македонски шуми ќе влезат во опожарените шусмки подрачја и ќе прават проценки, по што ќе утврдат каде ќе се чистат шумите од опожарената маса, а каде самата ќе се обновува.

-Без разлика колкава површина ќе биде зафатена од секој пожар, тоа не значи дека таа цела површина е целосно уништена. Некаде пожарот воопшто и не зафатил, некаде бил приземен, некаде горело трева. Доколку стеблото или пак листењакот воопшто не се чепнати од пламени јазици, тогаш таа шума многу лесно ќе се самообнови- изјави Михаилов.

Михаилов забележува дека дел од пожарите се подметнати од пиромани, но има и случаи каде што пожарите се предизвикани од невнимание, како што беше случајот со село Бигла во општина Делчево, каде што изгореа над 200 хектари шума.

Според Михаилов затворските казни за пироманите имаат ефект, но како што вели, потребно е да се работи и на подигање на свеста за последиците од пожарите, од аспект на тоа дека се загадува воздухот, а годинава тоа го почуствуваа и жителите на Скопје.