Свет
Маѓар: Европа е на крстопат
Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар денеска изјави дека Европа е на крстопат и оти нејзините лидери мора да одлучат дали сака заедницата едноставно да преживее во следната деценија или да биде помеѓу лидерите.
– Унгарија сака да види силни членки на ЕУ, силна Централна Европа и пред сè посилна ЕУ отколку што е сега. Ова бара искрен дијалог и поставување на агендата за прашања што доминираат во животите на луѓето, а не идеолошки прашања на раздор. Унгарија е подготвена, објави Маѓар на Фејсбук.
Тој денеска е во Братислава, каде се одржува состанок на Вишеградската група (В4). Средбата е фокусирана на борбата против илегалната миграција, координирано дејствување против растечките цени на енергијата и за следниот буџет на Европска Унија.
На средбата на В4 учествуваат полскиот, чешкиот и словачкиот и ирскиот премиер, чија земја претседава со ЕУ.
Вишеградската група е формирана во 1991 година од Унгарија, Полска, Чешка и Словачка со цел промовирање на заеднички економски интереси, поттикнување на слободна трговија, развој на транспортна инфраструктура и соработка во областа на енергетиката.
Оваа година, Маѓар најави можноста за проширување на В4 во уште неколку земји.
септември 11, 2026
