Connect with us

Фудбал

Енрике: Важно е што ја почнавме Лигата на шампионите со победа

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике е задоволен од начинот на кој неговите фудбалери ја започнаа новата сезона во Лигата на шампионите. Парижаните кои го бранат трофејот синоќа го совладаа Слован Братислава со 6:1.

– Натпреварите од Лигата на шампионите секогаш се нешто посебно, особено на „Паркот на принцовите“. Ја почувствувавме поддршката од навивачите. Врската со нив, како и секогаш, беше неверојатна. Многу сум задоволен од тоа како се справувавме со топката во текот на целиот натпревар. Успеавме да создадеме шанси благодарение на нашиот пресинг. Беше важно да играме вака за да ја започнеме Лигата на шампионите на најдобар можен начин. Тешко е да се стекне самодоверба, особено откако немавме најдобри резултати на почетокот на сезоната во домашното првенство. Според мене, нашите перформанси во првите три натпревари беа доста пристојни. Фудбалот е неверојатен, се разбира. Нашите резултати немаат никаква врска со нашите перформанси, изјави Енрике по натпреварот во Париз.

Во второто коло, ПСЖ ќе игра против Манчестер сити, додека Слован ќе се соочи со Штутгарт. И двата натпревари ќе се одржат на 14 октомври.