Connect with us

Фудбал

Симеоне по поразот од Ливерпул: Атлетико загуби од тим кој игра на резултат

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ги искажа впечатоците за поразот од Ливерпул со 2:1 синоќа на гостински терен во првото коло од фудбалската Лига на шампионите.

– Задоволен сум од играта на мојот тим. Момците дадоа сè од себе. Првото полувреме помина добро. По паузата, се обидовме да најдеме други опции, но не можевме да нападнеме како во првото полувреме. Изгубивме од тим кој игра на резултат, рече Симеоне по мечот на „Енфилд“.

Во второто коло од Лигата на шампионите, Ливерпул ќе игра против ЛАСК (14 октомври), а Атлетико ќе се соочи со Манчестер јунајтед (13 октомври).