Фудбал
Мбапе: Мислам дека годинава би можел да ја освојам „Златната топка“
Францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, изрази надеж дека оваа година би можел да ја освои „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот.
Минатата сезона, Мбапе постигна 42 гола на 44 натпревари, но не освои ниту еден трофеј со Реал. На Светското првенство кое ова лето се одржа во САД, Канада и Мексико, францускиот репрезентативец беше најдобар стрелец со 10 голови со што дојде до бројката од рекордни 22 гола на мундијалските турнири.
„Кога играте за најдобриот клуб во светот, луѓето ве поврзуваат со оваа награда. Многу луѓе зборуваат за мене и за Златната топка. Секако, јас испишав историја во најважното натпреварување. Можеби ова е добра година за тоа, но луѓето можат да гласаат според нивното мислење. Можеби луѓето гледаат поинаку. Не мислам дека тоа е дискусија што треба да ја водиме. Секако, ова може да биде добра година за мене да ја освојам Златната топка. Но, новинарите гласаат“, изјави 27-годишниот Мбапе.
Според светските обложувалници, тројца други фудбалери имаат поголеми шанси од Мбапе да ја освојат „Златната топка“, која ќе биде врачена на 26 октомври.
Прв фаворит е Хари Кејн, кој изминатата сезона ја освои двојната круна со Баерн во Германија и го собори клупскиот рекорд постигнувајќи 61 гол на 51 натпревари за гигантот од Минхен, а со англиската репрезентација го освои третото место на Светското првенство 2026.
Во најтесниот круг кандидати за престижната награда се и фудбалерите на Барселона, Ламин Јамал и Родри.

