Connect with us

Формула 1

Хамилтон предизвика криза во Ферари

Седумкратниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон, предизвика криза во Ферари откако го обвини раководството за „непостоење правила“ внатре во тимот, по инцидентот со клупскиот колега Шарл Леклер на почетокот на Големата награда на Италија во Монца.

Хамилтон на стартот на вчерашната трка во Монца во борба за третото место се обиде да го мине првиот остар свијок од внатрешната страна, но Леклер му го блокираше преминот.

Двата болиди не се допреа, но Хамилтон за момент излета од патеката и падна на деветтото место, а по завршување на трката го критикуваше Ферари дека не постојат тимски наредби.

„Тука нема правила. Загубивме многу поени од Мерцедес. Заостануваме со недели, тешко е. Давам сè од себе, но понекогаш не е доволно и потребни се други работи за да функционира. Едноставно, не постојат правила (во тимот). Кога бев во Мерцедес, имаше пишано правило. Никогаш не стигнавме до таа точка. Имаше неколку ситуации со Нико (Розберг) и мене, но најчесто беше во ред. Тука нема правила“, реагираше 41-годишниот Британец

Шефот на Ферари, Жан Анри Васер, рече дека ќе го разгледа прашањето интерно.

„Ќе го разговараме овој случај интерно. Не е она што го сакавме, не е добро за тимот“, рече тој.

Хамилтон во моментов е третопласиран во генералниот пласман со 191 бод, додека Леклер е петти (155).

Италијанецот Кими Антонели (Мерцедес) води со 267 бодови, додека неговиот клупски колега Британецот Џорџ Расел е втор (201).