Connect with us

Формула 1

Кими Антонели победник на ГН на Италија – прв Италијанец со триумф по 60 години во Монца

Возачот на Мерцедес Кими Антонели е сензационалниот победник на трката за Големата Награда на Италија откако стартуваше од 19.позиција и прв ја мина целната линија, воедно е првиот италијански возач по 60 години со триумф на Италијанското Гран При. Последниот што победил бил Лудовико Скарфиоти во 1966 година со Ферари.

Ова е прва победа на Антонели на домашна патека и воедно седма победа сезонава – сите постигнати оваа сезона. Тимот на Мерцедес доминираше во текот на целата трка откако Џорџ Расел имаше водство во дел од трката. Расел го освои второто место, а место на подиумот избори и Макс Верстапен од Ред Бул.

Трката ја одбележа и возачот на Ферари Шарл Леклер, кој во првите кругови изгуби контрола над болидот и заврши во заштитната ограда поради што трката беше прекината. Леклер ист инцидент имаше и пред шест години на патеката во Монца.

Во генералниот пласман води Антонели со 267 бода, пред Расел со 201 и Луис Хамилтон од Ферари со 191. Кај конструкторите води Мерцедес со 468 бодови, а следи Ферари со 346.

Следната трка се вози за седум дена во Мадрид ГН на Шпанија.