Connect with us

Фудбал

Белгија нема да гласа за реизбор на Инфантино

Белгиската фудбалска федерација објави денеска нема да ја поддржи кандидатурата на Џани Инфантино за нов мандат на чело на Меѓународната фудбалска федерација.

Инфантино се соочува со зголемен притисок откако неговиот контроверзен план за продажба на акции на идните светски првенства беше дочекан со жестока реакција.

Сепак, од ФИФА во неделата објавија дека Инфантино планира повторно да се кандидира на изборите следната година за мандат до 2031 година.

Белгиска федерација во денешното соопштение образложи дека нејзината одлука да не го поддржи Инфантино е поврзана со начинот на кој ФИФА „не покажа транспарентност“ во справувањето со контроверзниот предлог, а го нагласи и скандалот со и црвениот картон на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун на Светското првенство ова лето.

„Федерацијата нагласува дека голем број важни одлуки и проценки досега не беа соодветно образложени. Ова поведува прашања за транспарентноста и начинот на раководење. Остануваме во близок контакт со УЕФА и заедно бараме јасни одговори за процесот на донесување одлуки и следните чекори“, се вели во соопштението на раководното тело на белгискиот фудбал.